• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Војниците во строј – Тетовската касарна го одбележа денот на единицата

27/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денес во тетовската касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ со воена свеченост  единиците од гарнизонот Тетово, го одбележаа “27ми Август“ – Денот на третиот пешадиски Баталјон. На свеченоста, беа интонирани државната химна, химната на Армијата , а по повод денот на единицата беа доделени поголем број на стимулативни мерки,  а беа унапредени, наградени и пофалени старешини и војници.

-Свеченоста беше организирана во согласност со протоколите и со почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19 и без присуство на цивилни гости – пријатели на тетовската касарна кои во минатите години секогаш биле дел од армиските свечености. На свеченоста присуствуваа, началникот на штаб во командата за Операции, командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, полковник Сашко Лавчиски, команданти на потчинетите единици на 1.пбр, кои со своето присуство го збогатија овој настан, информираат од тетовската касарна.

Пред стројот на единицата и присутните гости на свеченоста, пригодно обраќање имаше командантот на 3-тата механизирана пешадиска бригада потполковник Изеир Ејупи, кој во своето обраќање се осврна на историјатот, традициите и значењето на „ 27 ми Август“. Со одлука на Врховен командант на вооружените сили, 27- ми август е прогласен за „Ден на 3.мпб“ во чест и сеќавање на традициите од 15-та Поречка ударна бригада, која била формирана на овој ден во далечната 1944 година.

ас

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

СВР Тетово со зголемена контрола на паркирањето поради воведувањето на градски автобуски превоз 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.