Вчера (18 јуни) околу 18 часот и 50 минути, на локалниот пат во месноста „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Г.Р.од тетовска Мала Речица, затоа што при негов и преглед на возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот против Г.Р. ќе следува соодветен поднесок, информираше денес СВР Тетово.