• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во Вратница поставен споменик како обележје на борбата да не се дозволи градење на хидроцентрали

Денес е откриено спомен обележје кај реката Раќита близу тетовска Вратница како симбол на спротиставувањето на населението на обидот за градење на хидроцентрали како и во чест на 64 годишниот Душко Златевски кој почина во 2019 година додека бил на блокадите.

08/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денес е откриено спомен обележје кај реката Раќита близу тетовска Вратница како симбол на спротиставувањето на населението на обидот за градење на хидроцентрали како и во чест на 64 годишниот Душко Златевски кој почина во 2019 година додека бил на блокадите. Споменикот е изработен во текот на изминатата година со иницијатива и поддршка на месните заедници од Вратница, Старо село, Орашје како и иселеници од САД.

Од месната заедница посочуваат дека обележјето е поставено и како симбол на борбата за егзистенција на овој крај и зачување на нивната природна околина.

-Од 2013 до 2019 година жителите и иселениците од овој крај решително се спротиставија на изградбата на хидроцентрали на Вратничка река. Во таа борба згасна животот на Душко Златевски-Шаро, за да може да Раќита да тече кога кога е мирна и бистра и кога е матна и бујан. Твојот пример нека служи како патоказ за идните генерации. Не беше залудно, стои на спомен плочата.

Душко Златевски е починат на 18 ноември 2019 година, а откривањето на обележјето е направено денес кога се одржал и помен парастос.  Приватни фирми го обезбедиле и донирале целокупниот материјал.

Населението на Вратница, Орашје и Старо село се спротиставуваа на изградбата на хидроцентрали аргументирајќи дека штетата е поголема од придобивката од вакви објекти и дека се прави трајно уништување на природата и ресурсите.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Во октомври 1197 казни за сообраќајни прекршоци во тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.