• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во декември СВР Тетово секојдневно со времено одземени возачки и сообраќајни дозволи

08/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Анализата на сообраќајните прекршоци што во декември 2020 година ги направиле жителите на тетовско и за кои казни имаа изречено СВР Тетово покажува дека барем еднаш дневно се одземани на одреден временски период возачки и сообраќајни дозволи.

Возачки дозволи се одземаат за управување под дејство на алкохол како и на возач-почетник кој не се придржувач до законски ограничувања. Сообраќајните дозволи се одземаат за технички неисправно возило, неатестирани или неправилно поставени фолии на стаклата од возилото и за истечена регистрација до и над 30 дена.

-Во овој период времено биле одземени 30 возачки и 34 сообраќајни дозволи поради повеќе сообраќајни прекршоци. вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку во декември минатата година, полицајците од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај вкупно откриле и законски санкционирале 1205 различни видови сообраќајни прекршоци.

-Во редовни и акциски контролните активности, поради констатирани прекршоци, биле исклучени 69 возила. Најмногу од исклучените возила (57) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 11 била утврдена техничка неисправност и кај 1 претовар. Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 164 возачи, кои управувале без возачка дозвола, под дејство на алкохол, возачи-почетници, со несоодветна категорија и со важечка забрана за управување, потенцира полицискиот портпарол.

Пајак-службата вкупно подигнала 174 непрописно и погрешно паркирани возила.

А.С

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Приведена за кражба на 2600 евра од каса на фирма

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.