Полициски службеници на СВР Тетово денеска (23 февруари) од 8 до 12 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу на автобуси и такси возила.При контролата биле откриени и со законски предвидени поднесоци се заокружени вкупно 6 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-4).Три возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-2 и ГВ-1), кај две возила (ГВ) не бил извршен технички преглед, а едно (ГВ) било со неисправна друга опрема.На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци согласно Законот за возила.Санкционирани, исто така, биле и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ 9 и ГВ-7).
– Денешната акциска контрола е во рамките на континуираните активности што веќе подолго време ги реализира Секторот за внатрешни работи Тетово, а во рамките на кои во изминатите повеќе од три и пол месеци вкупно се изречени 54 мерки (ТЕ) и 9 (ГВ) , кои се однесувале на возила кои вршат јавен превоз на патници.Најголемиот број од мерките биле за техничка неисправност на возилата, посебно на сопирачки и други уреди, претовар или непочитување на владините мерки и протоколи за спречување на ширењето на „ковид-19“, информираат од СВР Тетово.