• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

При уредување на ерозивното земјиште кон Бањиче карпи, камења и земја во коритото на река Пена

14/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Карпи,камења и земја се најдоа во коритото на реката Пена на потегот од Тетово кон месноста Бањиче. Таму од почетокот на месецот започнаа градежни работи со цел превенција од можни ерозивни процеси од планинско-ридестиот предел покрај коловозната лента, пешачката патека и коритото на река Пена.

Од Општина Тетово информираат дека во тек е процесот на уредување на планинско-ридестиот дел во вид на каскади со цел да се избегнат одрони, а коритото ќе се расчисти од камењата и карпите.

-Камењата, карпите и земјата кои се најдоа во коритото се резултат на градежните работи за уредување на најкритичните точки од ридот долж патот и превенција од свлечишта. На крајот од изведувањето на работите речното корито ќе биде расчистено од камењата, карпите и земјата. Сите работи се под надзор на Секторот за комунални дејности, информираат од Општина Тетово.

Со специјална градежна механизација се копа на делот од планината каде се појавуваа одрони и се прават каскадни предели за да нема повторно свлечиште на земја. Според најавите на Општина Тетово по најкритичните точки се планира поголем проект за заштита на овој дел од Бањиче.

Во текот на зимските месеци во неколку наврати поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово, која важи за рекреактивна дестинација за пешачење, трчање и велосипедизам. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Три пријави за насилства евидентирани во СВР Тетово

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!