Во текот на март 2022 година во Ковид центарот на тетовската клиничка болница починале две лица заразени од коронавирусот, додека вкупно 14 луѓе биле примени на болничко лекување.
Прво починат е 69 годишник на 2 март, кој бил примен на болничко лекување еден ден претходно. На 6 март починато е лице на 61 година, исто така примено на лекување на 1 март. Двајцата биле со хронични болести и не биле вакцинирани против Ковид-19,
-Во однос на претходните месеци од почетокот на годината, март беше многу помирен, се надеваме дека вака ќе продолжи и во наредните месеци, изјави д-р Хасан Илјази, одговорен за односи со јавноста при Клиничка болница Тетово.
Од 1 до 31 март 2022 биле извршени вкупно 221 преглед на луѓе со симптоми во амбулантскиот дел на Ковид центарот.