Тетовската полиција бара кои се сторителите што направија ископ со градежен шут па го запалиле потоа во атарот на селото Порој. Случајот во полицијата е пријавен вчера околу 13 часот.
-Вчера во СВР Тетово е пријавено е дека на нива покрај железничката пруга во Тетово, во атарот на Порој, непознати сторители со мeханизација направиле длабок ископ и во него депонирале разновиден градежен и друг отпад, кој потоа бил запален. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот бил целосно локализиран, соопшти СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
А.С