• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во образовните установи при Општина Тетово има вкупно 31 лице со Ковид-19

Во училиштата и градинките во рамки на општина Тетово се евидентирани 31 заболено лице од Ковид-19, соопшти денес Кризниот штаб. Пред една недела штабот препорача а денес донесе одлука сите наставници кои вршат онлајн предавања тоа наместо од училиштата да го прават од дома.

02/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во училиштата и градинките во рамки на општина Тетово се евидентирани 31 заболено лице од Ковид-19, соопшти денес Кризниот штаб. Пред една недела штабот препорача а денес донесе одлука сите наставници кои вршат онлајн предавања тоа наместо од училиштата да го прават од дома.

-Во градинките „Младост“ во Тетово, воспитно-образовниот процес во моментов го посетуваат вкупно 312 деца, додека 3 воспитувачи се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација. Во основните училишта 11 наставници и 5 ученици се позитивни на вирусот и како резултат на тоа, 5 одделенски групи се во изолација.  Во средните училишта на општина Тетово, каде наставата се одвива од далечина, на 12 наставници им е дијагностициран позитивен ковид тест, информираа од Кризниот штаб.

Од таму потенцираа дека Тетово бележи врв на есенскиот бран со Ковид19, при што има зголемување на бројот на заразени.

-Многу е важно во наредниот период да покажеме висока одговорност и граѓанска свест.Предизвикот со кој се соочуваме бара да бидеме што е можно подисциплинирани, имајќи предвид дека ова не е единствената глобална здравствена криза со која се соочува целиот свет и ние. Новите мерки за заштита што доаѓаат од надлежните органи и кои сите мора да ги почитуваме без исклучок, истакна градоначалничката Теута Арифи.

А.С

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Пет починати лица во тетовско поради Ковид-19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.