• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во октомври казни за 89 возила со недозволено поставени фолии на стаклата

Сопственици на 89 возила се казнети во текот на октомври на тетовското подрачје затоа што полицијата открила дека имаа поставено фолии на спротивно на законските прописи и критериуми. Изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парична глоба од 300 евра во денарска противвредност.

04/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сопственици на 89 возила се казнети во текот на октомври на тетовското подрачје затоа што полицијата открила дека имаа поставено фолии на спротивно на законските прописи и критериуми. Изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парична глоба од 300 евра во денарска противвредност.

-Во текот на минатиот месец (октомври) на поширокото тетовско подрачје биле откриени 239 возила со монтирани, односно поставени фолии спротивно на законските прописи и критериуми. Покрај казни за 89 сопственици, 150 ги извадиле фолиите на лице место. Претежно станува збор за патнички возила кои имале поставено фолии на шофершајбните и предните стакла. Оваа активност на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај со несмален интензитет ќе продолжи и во ноември, соопштија денес од СВР Тетово.

Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат и на технички преглед.  Во член 20 од Правилник за уреди и опрема и нормална се наведува дека видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста 70 проценти.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Започна процес на третирање на бездомни кучиња на подрачјето на Општина Теарце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.