• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Општина Теарце почна да се гради мини систем за наводнување за 330 хектари на 150 земјоделци

20/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Општина  Теарце започна изградбата на мини систем за наводнување со кој 330 хектари обработливо земјиште, кое е во сопственост на 150 земјоделци од Општината, ќе добијат современ систем за наводнување. Средствата во висина од 1 милион и 750 илјади евра се обезбедени од Европската Унија преку ИПА фондовите. Системот ќе има 25 километри секундарна мрежа, а водата ќе се добива од зафатот на реката Бистица над Теарце.

„Со овој проект ќе се помогне за подобро искористување на земјоделскиот потенцијал. Овој ИПА проект е најголемиот во групата на слични проекти преку кои ЕУ инвестира во мали системи за наводнување на локално ниво со цел да охрабруваме ефикасно користење на водата во земјоделскиот сектор, а воедно промовираме и штедење на водата со воведување на затворен систем на цевковод. ЕУ планира уште дополнителни 4,8 милиони евра во рамките на ИПА 3 проектите за изградба на мали системи за наводнување, па така инвестициите преку ИПА програмата во системите за наводнување достигнат близу 13 милиони евра“, изјави в.д. амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало.

Изградбата на еден ваков мини систем за наводнување многу ќе значи за земјоделците од овој дел на Полог и секако ќе придонесе за зголемување на земјоделските приноси кои поради недостиг на доволни количини вода за наводнување од година во година им се намалуваат приносите.

„Иако е назначен како мал систем за наводнување, за нас тој е голем бидејќи ќе му служи на самите земјоделци. Ова е еден успешен модел за Општина Теарце кој сакаме да го продолжиме и во другите населени места за што ги ставаме на располагање сите капацитети и средства кои ги имаме за негова реализација“, вели градоначалникот на Општина Теарце Нухи Незири.

Овој мини систем за наводнување ќе ги користи водите од реката Бистрица и според изведувачите на проектот ќе бидат запазени сите еколошки норми и биолошкиот минимум на реката а на местото каде ќе се гради зафатот на водата ќе се направи и рибна патека за непречено движење на рибите во реката.

„Ова е една голема програма и за нас е многу значајна зошто и Министерството за земјоделие веќе инвестира над 10 милиони евра европски неповратни средства во развој на државата во мали системи за наводнување. Овој проект кој ќе се реализира во Теарце е еден од најголемите од десетината проекти кои се работат досега како што се Славишко Поле во кривопаланечко, Пишица во Пробиштип, Чаушица во струмичко, а ќе запонеме и два нови, во Сопот, Кавадарци и во Новаци. Управувањето со системот за наводнување ќе биде на локално ниво“, изјави министерот за земјоделие и шумарство Љупчо Николовски.

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

СВР Тетово : Исклучени 15 возила поради подготвување диви трки на автопатот Тетово-Скопје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!