Ноќеска изгоре поголем дел од куќа во тетовско Камењане, а за среќа нема повредени луѓе. Пожарот започнал околу полноќ, а е изгаснат два часа подоцна.
-Половина час по полноќ во СВР Тетово Р.Ф 21 година од Камењане пријавил дека избувнал пожар во неговата куќа. Околу 1 часот и 50 минути пожарот целосно е локализиран, нема повредени лица, предизвикана е значителна материјална штета. Поради околностите увид на местото ќе се изврши во текот на денот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од тетовската противпожарна единица информираа дека интервенирале со 3 возила и 7 пожарникари.
-Сметаме дека дека се изборивме со огнот и спречивме да се прошири на другите куќи во близина, истака Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.
А.С