Во време на полицискиот час се забележани намерно предизвикани пожари од млади лица од пожарната периодов во Тетово, за што полицијата предупредува дека сторителите се соочуваат со неколку кривични дела. Се опожаруваат контејнери или насобрани дрвени предмети и друг вид материјал.
-Ноќеска пожарната интервенираше на четири места во градот на запалени контејнери во време на полициски час на улицата Илинденска и во Блок 82. Апелираме да не се предизвикуваат пожари, а особено не во контејнери со оглед дека тој пожар може да предзвика домино ефект и да зафати некое возило или објект, истакнуваат од тетовската противпожарна единица.
СВР Тетово вчера вечер околу 23 часот и 30 минути бележи пријава од жител на Мала Речица дека во близина сточниот пазар група млади лица запалиле дрвени греди и автомобилски гуми. Со интервенција на соседите огнот целосно е изгаснат, нема повредени лица, па се расчистува случајот.
-Апелираме да не се прави намерно предизвикување на пожар. Потсетувам дека во март при самото дејствие беше приведен 26 годишник во Тетово откако со импровизирана направа предизвикал експлозија. За ова како и за слични работи предвидени се пријави за три кривични дела – предизвикување општа опасност, загадување на животна средина и прекршување на полицискиот час, истакнува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Ваквите несовесни постапки некои лица ги постирале и на социјалните мрежи.
А.С