• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во посета на семејството на Буран Муслиу од Тетово по повод најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам

02/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По 30 дена рамазански пост денес верниците од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам. Одбележувањето започна со празнична утринска молитва во џамиите, по што се посетуваат гробовите на починатите.  

Празничниот ден потоа продолжува по домовите, односно се посетуваат најблиските за да се честита Рамазан или Фитер Бајрам.

-Потоа се враќаме дома, ручуваме за Бајрам, па потоа излегуваме кај комшиите, кај роднините, кај фамилија, све што имаме во тој град каде што живееме. А потоа се обраќаме на другите градови без разлика каде имаме семејство, вели Буран Муслиу од Тетово чиј дом го посетивме за да видиме како се празнува денешниот празник. 

Во посета насемејството на Буран, ги затекнавме неговиот стрико Кадрија и братучедот Нуран со синовите. Домаќинките подготуваат кафе и благи работи за да се пречекаат гостите.

-За денот на Бајрамот се знае традиционално кој ни останало од порано, жените готват баклава, шеќер-паре, различни благи работи татлии да ги кажеме на турски збор, каде што е најинтересно, секогаш кога ќе одиме на посета кај другите ќе гледаме што изготвиле и тие благи работи0, изјави Буран. 

Радоста на празникот е да го споделиш и да празнуваш со што повеќе луѓе, вели стрикото Кадрија.

-Фитер Бајрам, тоа е за деца да се радува, да му купиш нешто облека. После, за сиромашните оние што немаат, мора да му дадеш нешто и тие да имаат. 00.14 +  00.29  Ја како дете памтим, чичко од мајка, ми дал едно бонбонче, денес јас кажувам Бог, рај да му дава, рече Кадрија. 

По речиси два и пол месеци од денешниот празник се одбележува и следниот празничен ден Курбан Бајрам.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Ќе се извршуваат вежби на полицајците на отворено за користење на огнено оружје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.