Димитар Костадиноски од ВМРО ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Јегуновце уште во првиот изборен круг. Според податоците на Државната изборна комисија тој освои 50,40 % од гласовите, а кандидатот на СДСМ Дарко Блажески 41, 29 %
За Тетово во втор круг одат кандидатите за градоначалници Теута Арифи (29,04% од гласовите) и Билал Касами (27.37%)
За Општина Брвеница за градоначалник во втор круг одат Јовица Илиевски од ВМРО ДПМНЕ со 29,67% и независен кандидат Енвер Пајазити со 19,07%.
Во општина Желино во втор круг во изборот за градоначалник одат Фатмир Изаири од ДУИ со 46,63% од гласовите и Бљерим Сејди од Движење Беса со 42,09%.
Во Општина Боговиње во втор круг за изборот на градоначалник одат Бесник Емши од ДУИ со 47,29% од гласовите, како и Аљбон Џемаили од Алијанса за Албанците и Алтернарива со 27,54%
Во Општина Теарце во втор круг на избор за градоначалник одат Нухи Незири од ДУИ со 40,82% од гласовите и Назим Таипи од Алијанса за Албанците и Алтернатива со 25,25 %.