• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во првите три месеци од 2022 имало 238 сообраќајки-седум помалку од истиот период лани

06/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во првите три месеци од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово намален е вкупниот број на сообраќајни несреќи за близу 3 проценти, односно регистрирани се вкупно 238 несреќи или 7 помалку во споредба со истиот период лани.

Во првото тримесечие, според аналитичките податоци на СВР Тетово, најголемиот број од несреќите повторно се случиле на тетовските и гостиварските улици и автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, претежно само со причинета материјална штета, а најчести причини биле неприлагодена брзина и неправилно вршење на дејствие, но и непрописно престигнување и недавање првенство.

-Она што посебно охрабрува, исто така, е и податокот дека за 50 проценти намален е и бројот на загинати лица од 2 минатата на 1 лице годинава, а намалување за 5 проценти бележи и бројот на телесно повредени лица. Намалувањето, односно овој позитивен тренд е присутен на поширокото тетовско подрачје и пред се во јануари и февруари, инфомира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово инфомираат дека ќе се продолжи со редовни и акциски  контролни активности, во чие средиште ќе бидат брзината со која се движат возилата, нивната техничка исправност, управувањето без положен возачки испит и под дејство на алкохол. 

 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Средното медицинско училиште „Никола Штејн “ го одбележа патронатот и Светскиот ден на здравјето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.