Околу 300 повици имало во тетовската полиција од страна на граѓани кои сакале да се пријават дека имаат потреба да излезат од дома или да добијат информација околу забраната за движење популарна наречена полициски час, која измината ноќ беше спроведена на територија на целата држава.
-На телефонскиот број 192 во СВР Тетово се јавиле помеѓу 250 и 300 граѓани, најмногу да се пријават дека им се потребни здравствени услуги или да добијат некакви информации во врска со полицискиот час. СВР Тетово повторно апелира до граѓаните доследно да се почитува владината одлука од сите граѓани подеднакво и сите заедно да придонесеме за справување со коронавирусот, односно за спречување на ширењето на „ковид-19“, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Според СВР Тетово немало прекршување на полицискиот час.
Првиот ден од практичната импелементција на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните од 22 до 5 часот наутро, на целото подрачје на СВР Тетово немало ниту едно непочитување, односно прекршување на оваа одлука, попозната како „полициски час“, потенцира порпаролот на тетовската полиција.
А.С