• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Во Тетово вакцинирани над 25 илјади луѓе

01/07/2021
во Вести
вакцинација пункт
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Над 25 илјади луѓе вкупно досега се вакцинирале со вакцини против Ковид-19 во Тетово, информираат од тетовскиот здравствен дом.  Масовната имунизација се спроведува веќе два месеци, во мај и јуни, а во текот на април вакцинација имаше само во Здравствен дом.

-Во салата на медицинското училиште каде од мај започна масовна имунизација досега има над 23 илјади луѓе кои добиле вакцина. Има и две илјади кои се вакцинирале во просториите на Здравствен дом, вкупно над 25 илјади. Ако се земат во предвид дека има и ревакцнирани луѓе се надминува бројката од над 30 илјади дадени вакцини, изјави Дрита Зибери, главна сестра при Здравствен дом Тетово.

Иако пред спортската сала е забележително дека има долги редови и се чека за влез во салата, надлежните уверуваат дека нема проблеми во спроведувањето на имунизацијата.

-Нема застој, термините се многу. Дел од луѓето доаѓаат пред терминот, некои доаѓаат после терминот во рамки на дозволените шест до седум денови, некои доцнат па така се создава гужвата надвор. Внатре во салата процесот оди без проблеми и многу бргу, изјави Дрита Зибери.

За одржување на редот пред спортската сала се ангажирани полицајци и припадници на Армијата. Тие ги повикуваат луѓето по име и презиме и термин за вакцинирање.  Потоа следува евиденцијата и вакцинирањето, двета постапки за кои всушност треба најмалку време, со оглед дека потоа е препорачано барем десетина минути да се одмори на столче пред заминување.

– Дневно имаме од 1500 до 1700 термино. Некој ден стигнуваме да вакцинираме и до 1300 луѓе. Вчера имаше вакцинирано вкупно 1290 луѓе, рече Дрита Зибери.

Луѓето кои во текот на април во Здравствен дом биле вакцинирани со Астра Зенека за ревакцинација овој месец исто така треба да појдат во тетовскиот здравствен дом согласно добиените термини. 

А.С

 

Поврзани објави

Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Следна објава

Трговијата со луѓе во тетовскиот регион – промени и предизвици во текот на изминатите децении

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.