• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во Тетово во 2021 година од 365 денови 132 биле со загаден воздух

03/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Месечните извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуват дека во 2021 година имало 132 денови со загаден воздух односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен.  Во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.

Најмногу или 28 дена имало во декември 2021, ноември 22, февруари 21, јануари 18 итн.  Само септември е месец со ниту еден ден загаден воздух.

-Најзагадено е во месеци кога има најголемо влијае поради греењето со дрва. Многу е во пет месеци да има загаден воздух. Нотирани се причините и последици, се покажува дека не може да се превенира туку треба радикално решавање, сегашните мерки се недоволни. Постојано повторуваме дека гасификацијата е тоа радикално решение за Тетово. Немаме ни совест, сиромаштијата си го прави своето, се ложи со отпад и во индустријата.  Племенита е акцијата за  замена на печки на дрва со инвертери аерозагадуавњето да се намали, но тоа се покажува недоволно, изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово.

Докторот потсетува дека долготрајното соочување со загаден воздух носи тешки последици по здравјето.

– Оваа студија се појави во журнал за хепатологија. Тоа е нова кинеска студија која покажува дека загадениот воздух влиаје да се појави замастување на црниот дроб. Замастувањето значи дека клетките ја намалуваат својата функција, а црниот дроб е една хемиска лабораторија за организамот која го пречистува телото и има други метаболни функции, објаснува тетовскиот доктор.

Поради изведување на градежни работи во близина на мерната станица на на Државниот автоматски мониторинг систем во Тетово, Давидовски препорачува таа да биде преместена на друга соодветна локација.

Во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово.  Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните пи-ем 10 честички.

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Тетовската пожарна со две интервенции во првите два дена од новата година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.