• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово главен собир на кандидите за пратеници од ДУИ и кандидатот за премиер

10/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изборен собир на плоштадот во Тетово одржа Демократската Унија за Интеграција, предводена од носителот во шестата изборна единица Али Ахмети и кандидатот за премиер Насер Зибери. Партискиот лидер Ахмети рече дека со нивните идеи на овие избори создаваат нова историја.

-Сите зборуваа НАТО, НАТО, НАТО ете влеговме и во НАТО. Сега одиме наоред  да кроиме нова историја. И помогнавме на оваа држава да земе прав пат и сега отвораме нови поглавја.  Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција.  Но јас не сакам да се заборави оваа навреда што денес ја слушнав и се шокирав. Навредата за „пет пари“ многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. За тоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.

На собирот се обратија и кандидати за пратеници во 6 изборна единица, како и Насер Зибери, кандидат за премиер од редовите на ДУИ.

-Поминавме многу места и јас гледам дека оваа идеја што дојде од Али Ахмети излезе од кај Албанците и ја има кај сите во Северна Македонија. Ова ни дава гаранција дека ќе го добиеме мандатот. Јас можам да ви ветам дека ќе има владеење на правото. Нема да има ништо надвор од правните рамки. Ќе работиме на полето економијата, да има работа за младите, во образованието да има нови училишта. Кога ќе ја напуштиме функцијата ќе бидеме со чист образ. Да ги повикаме Македонците да гласаат за нас нема да им фали ништо, нема да им биде ускратено ниту едно право, ќе има еднаквоста за сите, не се плаштете од ДУИ и Албанците, истакна Зибери.

Кандидатот за премиер и кандидатите за пратеници остварија неколку средбви со граѓани во тетоските села Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица.

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Партии потпишаа обврзувачка декларација за развој на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!