• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во Тетово приведени четворица гостиварци

31/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека се приведени две лица кај кои е најдена дрога.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера (30 март) околу 16 часот и 30 минути, во близина на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, ги лишиле од слобода  М.А.(59) од Гостивар и Ш.Ф. (30) од гостиварско Чегране, затоа што при нивен преглед им бил пронајден хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Двајца други жители на гостиварски Градец се приведени поради пријава за физички напад.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (30 март) во 22 часот и 20 минути, на улица „180“-Блок 70 во Тетово ги лишиле од слобода Г.М.(22) и И.Р.(22) од гостиварски Градец, затоа што  околу 21 часот и 30 минути физички нападнале 30-годишна тетовка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против инволвираните во овој случај ќе следуваат поднесоци.

Приведени се и двајца тетовци за издржување на затворска казна. 

-Вчеравечер (30 март) во 22 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 21-годишниот тетовец Б.Ш.(21), по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од една година и 11 месеци, а бил осуден на три години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик. Подоцна, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за доиздржување на казната.

Вчера (30 март) во 16 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, со судска наредба, приведен е А.И.(66) од тетовски Пирок за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, каде набргу потоа е и предаден.

                                                             

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Дебата на тема „Инклузија на учениците со аутистичен спектар“ на Универзитетот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.