• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во Тетово пристигнаа 350 мостри мед од 22 земји од учесници на третиот меѓународен натпревар за квалитет за мед

23/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамки на третиот меѓународен натпревар за квалитетот на медот „Tetovo Honey Award 2021“ организиран од здруженијата „Град на пчелите“ и „Полошки мед“ денес на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана на Универзитет во Тетово започна органолептичка анализа на пристигнатите примероци на мед. Пристигнати се 350 примероци на мед од учесници од 22 земји од Европа, Австралија и Америка.

– Денес меѓународна комисија извршува органолептичка анализа односно преку вкус, арома, изглед  ја оценуваат секоја мостра -тегла со мед и ставаат оценки. Од тука мострите одат во факултетот за храна во лабораторија и неколку недели ќе се анализираат микробиолошки во нината лабораторија. Во средина на ноември ќе има резултати и се надевам на свеченост за наградите, изјави Дритон Дикена од Здружението „Град на пчелите“.

Професор д-р Хрисула Кипријановска од Факултетот за земјоделство при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје која е дел од жириот вели дека и покрај постојаните климатски промени со кои се соочуваат пчеларите денес евидентира дека квалитетот успеваат да го одржат.

-Доста се квалитетни медовите, иако во последните години пчеларството е во еден ризик од климатски промени. Пчеларите се во благородна мисија мисија да ги спасат пчелите кои во вакви услови самите не можат да опстојат па луѓето ги прихрануваат. И за самите пчелите е тешко нема нектар и метлика како извор на храна. Ако ја споредиме оваа година со претходните две или три сега е подобро. Но од друга страна на национално ниво од кога се води статистика се бележи дека имало по 20 килограми од пчелно семејство, а сега е спаднато и само на пет килограми мед. Количините се намалуваат и се помалку ќе го има, медот треба да се цени, изјави професорката Кипријановска.

Владимир Петроски од Здружението „Полошки мед“ објаснува дека како пчелари во минатото во есента не работеле многу но сега поради климатски услови мора да се посветат на пчелните семејства со цел да ги заштитат од болести и труења поради користење на инсектици во земјоделството.

-Поради климатски промени е се потешко, година е солидно но не е идеално. Може да се едуцираме и превентивно треба да се делува. Есента интензивно работиме за да се заштитиме во зима од болести кои ги напаѓаат плчелните семејства. Загуби имаме и од инсектициди и нелојална кокуренција со фалсификуван мед. Затоа препорачуваме купување од познатите пријатели кои се произведувачи на мед, изјави Петроски.

Двете здруженија работат на проекти со кои се надеваат дека во иднина ќе создадат и сопствен шарпланински бренд на мед.

ас

Поврзани објави

Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Тетовчани со искрена поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

14/08/2022
Вести

Живе Алексовски : За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ : Имаме срдечен прием, позитивни атмосфера и поддршка од тетовчани

13/08/2022
Следна објава

Билал Касами : Преработувачки капацитет изрази подготвеност да инвестира и во Тетово-можност за нови 60 работни места

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.