• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во Тетово само во јануари шест тешко повредени пешаци во сообраќајки-во 2021 имало вкупно девет тешко повредени пешаци

26/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За 25-те денови од јануари тетовската полиција бележи девет сообраќајки во кои непосредно учествувале пешаци, при што шестмина имале тешки телесни повреди, а седум телесни повреди.

Тројца повредени има вчеравечер (25 јануари) околу 21 часот и 30 минути на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко моторно возило „опел вектра“, кое нерегистрирано и без дозвола го управувал 44-годишниот Х.Ј. од ова село удрило во пешаците Б.К.(34), В.Л.(35) и Ф.Л.(42), негови соселани. Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Статистиката во одделението за аналитика при СВР Тетово за 2021 година бележи тројца пешаци кои го загубиле животот, девет со тешки телесни повреди додека 53 лица со телесни повреди.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите редовно да ја намалуваат брзината пред училишта, јавни установи и пешачки премини и задолжително да им даваат предност, односно првенство на пешаците.  На пешаците им се советува да бидат максимално внимателни кога се движат, посебно по улици и патишта на кои нема обликувани тротоари, да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и целосно да ја почитуваат светлосната и друга сигнализација, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

За возачите сообраќаен прекршок за непропуштање на пешаци значи соочување со  парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Кај пешаците непридржувањето кон препораките значат глоба од  20 до 50 евра во денарска противвредност.

ас

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Пациент роден 1964 година почина во Ковид центарот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.