Во Тетово силниот ветер што попладнево неколку часа дуваше беше причина да се скрши дрво кое падна врз неколку возила на булеварот „Благоја Тоска“ во близина на поранешната стоковна куќа „Тетовчанка“. Дрвото е паднато врз паркирани автомобили, а според првичните информации нема повредени луѓе.
-По дојава кој нашата служба веднаш излеговме на терен каде утврдивме дека силниот ветар соборил дрво кое паднало врз два автомобили. За среќа во тој момент немало никого во близината па нема повредени лица, туку е направена само материјална штета. Нашата екипа заедно со екипата на ЈКП Тетово веднаш се зафативме со работа на отстранување на паднатото дрво за да се овозможи непречено минување на возилата по улицата, изјави Авни Амети, командир на Противпожарната единица од Тетово.
Додека траеше интервенцијата за сечење и отстранување на паднатото дрво, полицијата го пренасочуваше сообраќајот на булеварот.