• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Во Тетово ќе се промовира дигитален „Архив на Хрвати во Македонија“

07/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Македонско-хрватското друштво (МХД) ќе промовира прв дигитален архив на Хрвати во Македонија. Станува збор за дигитализација на различни видови трудови, дела, фотографии на 80-тина Хрвати во Македонија.

-„Архивата на Хрвати во Македонија“ претставува дигитализација и систематизација на најзначајните трудови, автори, личности и настани кои го потврдуваат постоењето и успесите на Хрватите во Македонија, но и свесно ја потенцираат историската соработка и врски помеѓу двата народи. Оваа дигитална платформа има за цел лесно, достапно и визуелно да ги претстави историските факти, контакти и настани. Обработени се над 80 имиња на Хрвати универзитетски професори, архитекти, правници, писатели, ликовни уметници, актери чии дела и трудови се евидентирани преку фотографии што ќе бидат објавени и дигитализирани се од 1993 година, формирање на МХД, формирање на МХД во Тетово во 2002, скици од 1950ти на Тетекс, оригиналната верзија на Бели Мугри, изјави Марко Видачек, од тимот за односи со јавноста.

За промотивните активности изработени се четири различни постери со илустрации од архивскиот материјал на онлајн платформата: населбата Два Бреста, слика на Томислав Кризнам, 1919/20; скици на „Тетекс“ од 1950-та година од арх. Ѓуро Анцел; како и две разгледници од Тетово и Попова Шапка кои патувале на релација Македонија – Хрватска.  Промоцијата е во петок 8 јули од 19 часот.

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Во октомври ќе биде црковната богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.