• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 30 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во тетовската болница 40 годишник најмлад хоспитализиран меѓу 39 болни од Ковид-19

21/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовската клиничка болница поради соочување со последиите од Ковид-19 на болничко лекување до денес на пладне се вкупно 39 лица, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во ковид центарот.

-Од 39-те лица кои се на болничко лекување, најмлад е на 40 години додека највозрасен е на 76 години. Не се сите 39 лица на кислородна поддршка, што е добар знак, изјави д-р Нуредини.

Според него клиничка болница Тетово има повеќе објекти и во случај на нужна потреба за хоспитализација на болни од Ковид-19 ќе има доволно места. Засега инфективното одделение покрај во својот објект, пациенти има сместено во најблиската зграда на првите два ката каде е интернистичкото одделение.

-Ако вака продолжи ние може од сите одделенија, да земеме лекари и сестри да помагаат во ковид центарот. Ќе има реорганизација. Ќе бидеме фокусирани цела клиника на ковид центарот. Мора да се снајдеме, мора да работиме со сите кревети. Не е проблем бројот на кревети, имаме локации, не ни требаат шатори. Проблем е вирусот и смртните случаи.  Првите два ката од зградата каде е интерното одделение се во функција за ковид-центарот, ако има потреба и за третиот кат каде е педијатрија персоналот може да се премести за само еден ден. Но засега нема потреба, потенцира д-р Гзим Нуредени.

Непознатите последици од коронавирусот е главниот проблем и предизвик со кој се соочуваат овдешните лекари како и сите во светот, објаснува тетовскиот доктор.

-Соочени сме со пандемија за која медицината нема искуство како за другите болести. Порано ако дојдеше вирус или инфекција, ако не ја знаете вие, ја знае некој друг град или држава па ќе се информирате и ќе почнете со мерки и протоколи. Сега е друга ситуација. Нема каде да земате информации, ги имате тие протоколи и работите само по нив и не е лесно. Се трошат антибиотици. Се тоа влијае на хоспитализациите. Чекаме и дај Боже да нема многу нови пациенти, изјави д-р Нуредини.

Во тетовско од почетокот на пандемијата досега имало 3372 луѓе кои заболеле од Ковид-19, додека сега во моментот има 960 болни. Починати се вкупно 142 лица. Во текот на вчерашниот ден се евидентирани 51 нови заболени.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Спречено ширење на пожар во плевна во тетовско Камењане

29/06/2022
Вести

По пет години оформена фудбалска школа за деца од населените места во Општина Јегуновце

29/06/2022
Вести

Приведени две лица кои оштетиле казино во Тетово

29/06/2022
Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Следна објава

Почна геодетско мерење за проектна документација за патот за Луковица, мештаните сами собираат средства

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.