Министерството за здравство информираше дека на подрачјето на тетовско има 48 оздравени лица од Ковид-19 за изминатото деноноќие, додека три нови случаи. Бројот на активни болни е 119, додека 1214 се вкупно дијагностицирани.
СВР Тетово издала 48 платни налози за неносење на заштитни маски.
Во Македонија Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент. Во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455, бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.