• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во февруари 1752 различни видови сообраќајни прекршоци во Тетовско

Во овие активности, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 54 возила. Најмногу од исклучените возила (49) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 5 била утврдена техничка неисправност.

05/03/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на февруари годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во 7 акциски и во други редовни контроли во Тетово и Тетовско откриле и законски санкционирале вкупно 1752 различни видови сообраќајни прекршоци или околу 200 повеќе во споредба со истиот период лани,информира СВР Тетово.

Во овие активности, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 54 возила. Најмногу од исклучените возила (49) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 5 била утврдена техничка неисправност.

Минатиот месец од сообраќај биле исклучени, исто така, и 248 возачи, од кои 127 кои управувале без возачка дозвола, 45 под дејство на алкохол, 68 возачи-почетници, 6 со несоодветна категорија и 1 со впишана забрана за управување.

Oткриените сообраќајни прекршоци во февруари  заокружени се со 335 прекршочни, 450 мандатни плaтни налози и 967 писмени опомени.

Покрај тоа, во овој период времено биле одземени 122 возачки, 53 сообраќајни дозволи дозволи, додека на сообраќајна поука биле повикани 14 учесници во сообраќајот, за кои биле организирани  3 поуки.   Во февруари во Тетово, поради погрешно паркирање, биле санкционирани и подигнати 354 возила, се вели во соопштението од СВР Тетово.

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Низ целиот свет се користат софтвери смислени во Технолошкиот парк при УЈИЕ во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!