• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во јануари ветуваа за неколку недели, сега надлежните за април најавуваат почеток на  реконструкција на улица „Гоце Делчев“ во Тетово

29/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На 29 јануари министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по средба со тетовската градоначалничка Теута Арифи, најави дека за неколку недели започнува долгоочекуваната реконструкција на две улици „Гоце Делчев“ и „Ѓоце Стојчески“.  Министерот информираше дека првиот тендер на проектот од Светска банка е веќе завршен и се потпишани  договори со изведувачите. 

Денес изминуваат точно два месеци од ова ветување, а ниту на повидок е почетокот на градежните работи на улицата „Гоце Делчев“ во стариот дел од градот која важи за една од најоштетените делници во Тетово.

На 17 март за долгоочекуваната реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ за која на 29 јанаури со министерот Бочварски информираа дека ќе се работи за неколку недели, Теута Арифи рече дека има комуникација.

-Ние ги чекаме што побрзо да започнат, комунициравме. Ние поставивме атмосферска канализација на „Ѓоце Стојчески“  така да чекаме да ги започнат работите, истакна градоначалничката.

До Министерствот за транспор и врски Тетово инфо упати прашања-да обезбедат детали од договорот, кога е потребно да се почне и временски рок да се заврши реконструкцијата од страна на изведувачот. Од таму одговорија дека се очекува во април да почнат граджните работи за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“.

-Во однос на Вашите прашања, ве информираме дека општина Тетово аплицираше преку проектот од Светска банка за подобрување на локалните улици и патишта.  За општина Тетово вкупно беа алоцирани 1.072.436 евра.  Општина Тетово во првиот тендер аплицираше за реконструкција на две улици и тоа Гоце Стојчевски и Гоце Делчев. Договорот со изведувач веќе е склучен и се очекува на почетокотот од месец април да започнат градежните работи, се вели во одговорот од Министерството за транспорт и врски.

Според одговорот од Министерството во рамки на трет тендер Општина Тетово има аплицирано за реконструкција на улиците Штипска и Браќа Миладиновци, за кои во моментот се проверува проектната документација.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Приведен тетовец за агресија кон полицајци за време на полициски час

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!