• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во јануари годинава казни за 1681 различни видови сообраќајни прекршоци

04/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вкупно откриени и законски санкционирани се 1681 различни видови неисправност, односно сообраќајни прекршоци во сите денови од јануари, евидентира службата за аналитика при СВР Тетово.  При редовни, засилени и акциски  контролни активности поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 49 возила како и 204 возачи.

-Најмногу од исклучените возила (41) имале истечена регистрација над 30 дена, кај 7 била утврдена техничка неисправност и кај 1 возило претовар. Кај 204 возачи, 120 управувале без возачка дозвола, 36 под дејство на алкохол, 35 возачи-почетници, 2 со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај тоа, во овој период времено биле одземени 54 возачки и 40 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-службата“ вкупно подигнала 147 непрописно, односно погрешно паркирани возила.   Во јануари, исто така, времено се одземени се и 22 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци.

-Што се однесува,пак, до сообраќајните несреќи нивниот број минатиот месец изнесувал вкупно 65 и е за 7 помалку во споредба со минатогодишниот јануари.Во нив, значително помал е и бројот на загинати (1) и тешко и лесно повредени лица(33), вели портпаролот.

Четириесет и осум од несреќите биле во населено место, а 17 на оторен пат, додека најчести причини  се неприлагодена брзина (22) и неправилно вршење на дејствие (21).На тетовските улици (32) и автопатот (21) се случиле најмногу од несреќите.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.