Во јануари 230 возила на тетовското градско подрачје биле подигнати и санкционирани со оглед на извршено погрешно паркирање, соопшти денес СВР Тетово. Во претходната 2019-та година вкупниот број на подигнати возила на тетовското подрачје изнесувал 3591.
-Само вчера во Тетово откриени, санкционирани и подигнати се 11 непрописно паркирани возила, на чии сопственици им се изготвени соодветни поднесоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Активности со ваква цел секојдневно ќе се спроведуваат и во наредниот период, а посебен акцент ќе им биде ставен на возилата оставени на пешачки премини, во зеленило, во зона на крстосници, во близина на контејнери, пред влезови на објекти и на други недозволени места, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Сообраќајната полиција и овој месец продолжува со континуирани активности за поголем ред и безбедност со паркирањето во градот и посебно во централното подрачје.
А.С