• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во 2020 година во тетовско 1059 посети поради малигни заболувања, најмногу на дојка

04/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на 2020 година Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје Тетово бележи 1059 посети на матичен лекар врз основа на неоплазма – малигно заболување на одреден орган. Станува збор за севкупна бројка 1059 посети на матичен лекар на тетовскиот регион кај кои дел се однесуваат за лица со новодијагностицирана малигна болест, но и на веќе постоечки болни поради прегледи, контроли и рецепти.

-Во евиденција на матични лекари за малигни заболувања што доставиле до Центарот за јавно здравје, доминираат заболување на дојка, на второ место се тие на респираторни органи и на трето место на дигестивен тракт, информираат од Службата за социјална медицина и статистика.

Од таму потенцираат дека бројката е само приказ на посетите на матични лекари додека не се евидентирани малигни заболувања констатирани во Клиничка болница во Тетово и другите јавни и приватни клиники и болници.

Денес 4 февруари здравствените организации го одбележуваат како Светскиот ден на ракот, со цел подгнување на свеста и спречување на милиони смртни случаи.

-Ракот е болест која се јавува кога промените во групата нормални клетки во организмот доведуваат до неконтролиран, абнормален раст, формирајќи грутка наречена тумор. Туморите можат да се поделат во три групи: бенигни, малигни и преканцерози. Во светот 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод денешниот ден.

Мотото на одбележувањето годинава е Тема на Светскиот ден на ракот: Јас сум и Јас ќе.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Во јануари годинава казни за 1681 различни видови сообраќајни прекршоци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.