Во текот на 2020 година полицијата во повеќе редовни и акциски контролни активности на тетовското подрачје има откриено 99 странски државјнаки кои работеле во угостителски објекти. Тие биле ангажирани како пејачки, танчерки или придружнички и го злоупотребиле туристичкиот престој, а некои од нив и непријавено престојувале на подрачјето.
-Од вкупнниот број 99 најмногу се од Република Србија (40), Република Албанија (20), Република Косово (8), Украина (8) по седум од Бугарија, Русија и Босна и Херцеговина како и по една од Молдаавија и Шведска, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На сите изготвени им се соодветни поднесоци и тие се соочиле со законски предвидените санкциии, со парични глоби и со депортирање во нивните матични држави.
А.С