• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во 2021 година тетовци со 134 претставки до Народен правобранител-најмногу за потрошувачка права

04/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово во 2021 година поднесени се вкупно 134 претставки. Од тие најголемиот број 34 се од областа потрошувачки права, 21 од областа социјална сигурност и заштита, по 15 од областите правосудство и урбанизам, 10 финансии и царина, а шест претставки се однесуваат на областа полиција-полициски постапувања.

Во оваа подрачна канцеларија најголемиот број на претставки се од областа потрошувачки права од кои дури 24 се донесуваа на работата на ЈКП Тетово – обид за наплата на застарени долгови.

-За да добие  писмена информација по овие предмети, Народниот правобранител превземаше низа дејствија: достави три Барања информации и докази, изврши три увиди во службените простории во ЈП, достави Ургенции, Повторни ургенции, а поради недоставување, или доставување на чисто формални одговори, од страна на ЈП, Народниот правобранител  поднесе Информација до Градоначалничката на Општина Тетово, со барање, согласно надлежностите, да ги превземе сите мерки во правец да се достават соодветни одговори од ЈКП „Тетово“. Градоначалничката на Општина Тетово воопшто не презеде никакви дејствија дури и не ни одговори на  барањето на Народниот правобранител.По сите овие 24 претставки од страна на Народниот правобранител е констатирана повреда на права на граѓаните, со барања за наплата на застарени долгови, често и за период од 1994 година па наваму, по  што до ЈКП „Тетово“ е доставено укажување да се престане со обид за наплата на застарени, а неутужени долгови. Крајниот исход од постапувањето беше тоа што ЈКП постапи по Укажувањето од Народниот правобранител, информираат од канцеларијата на Народен Правобранител

Вопретставките од областа на социјална заштита граѓаните барале интервенција во врска со работата на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Тетово.

-Граѓаните укажуваа на долготрајноста на постапките за одлучување по нивните барања, потоа неправилното утврдување на фактичката состојба кое е поврзано со остварување на  паричните примања по основ на права на парична помош од социјална заштита. Исто така, се жалеа на задоцнетата исплата на овие средства по донесени решенија, дел од нив во претставките бараа интервенција поради исплата на средства во износ различен од означениот во односното решение или пак не беа задоволни генерално од добиените објаснувања за состојбата од првостепениот орган. Во претставките пак, во кои се бараше интервенција по поднесена жалба против решение на Центарот, односно за ненавременото одлучување по жалбите, се интервенираше пред второстепениот орган, заради навремено и ажурно постапување, кој пак како причина за недонесување на решение, повторно упатуваше на Центарот и неговото непостапувањето во однос на побараното административно доуредување на списите, информираат од канцеларијата.

Најчестите основи по кој се доставуваа претставките во областа урбанизам се: одложување на првостепена постапка,непостапување на градежна инспекција, и постапка за измена и дополнување на ДУП.

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Доделени наградите за најдобрите производители на мед на натпреварот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.