Поради управување возило под дејство на алкохол минатата 2021 година полицајците на СВР Тетово изрекле 468 казни на возачи.
Сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, по што тие се соочиле со предвидените парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан во алкохолизирана состојба, зашто на тој начин непосредно ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Ова, посебно се однесува на младите возачи-почетници, но и воопшто. СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со интензивни превентивни и контролни активности, со цел да се пресретнат возачите во намерата да управуваат под дејство на алкохол, пред се, меѓутоа и навреме да бидат исклучени од сообраќај , согласно член 228 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на овој месец вкупниот број на откриени и санкционирани алкохолизирани возачи во Тетово и тетовско, во редовни и акциски контроли, изнесува 57.
ас