• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во 2021 година 614 казни поради истечена или немање регистрација на возила

10/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на целата 2021 година тетовската полиција изрекла казни за 614 сопственици на возила кои поради неисполнети обврски околу законски задолжителната регистрација на нивните возила. Од нив 592 имале истечена регистрација, а 22 возила воопшто не биле регистрирани.

-Возилата со истечена регистрација и нерегистрираните веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци, по што нивните сопственици ќе се соочат со парична глоба од 100 или 500 евра во денарска противредност, зависно од тоа колку време не им била продолжена регистрацијата.Возилата со истечена регистрација повеќе од шест месеци,пак, се времено одземени, а станува збор за вкупно 150 вакви возила и плус 32 возила кои биле одземени за преголема бучавост, информира Марјан Јосифоски, поортпарол на СВР Тетово.

Минатата година вкупно се саннционирани и 290 возила со вградени неатестирани или непрописно поставени фолии.

-Покрај ова, лани биле санкционирани и 426 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол, а кои по откривањето исклучени се од сообраќај и времено им се одземени возачките доволи, но прекршителите се соочиле и со законски предвидените парични глоби, информира Јосифоски.

Контролните активности продолжуваат и годинава, во функција на поголема сообраќајна безбедност на патиштата во Тетовскиот регион и пошироко, потенцираат од СВР Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Технички преглед Автостар плус-место за сите потребни услуги поврзани со техничката исправност на возилата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.