• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Вработените во Управата за водење матични книги во Тетово и Гостивар алармираат на проблеми поради нивниот штрајк

08/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Независниот синдикат на Управата за водење матични книги и Конфедерација на синдикати преку прес-конференција денес во Тетово алармираа дека штрајкот кој веќе шест недели трае кај вработените во Управата кулминира со проблеми и бараат итно наоѓање на решение. Тие тврдат дека во Тетово вчера имало и вработени кои колабирале поради притисоци, а во Гостивар и физички инцидент пријавен во полиција.

-Вработените во Тетово добиле наредба од раководителот. Од две колешки било побарано да се потпише, а бидејќи сме во штрајк тоа е одбиено. За таа наредба сметам дека нема потреба бидејќи е само известување како треба да се спроведува штрајк. Ние веќе и тоа го правиме според законските правила. Во штрајк не се потпишува, седиме во една просторија не се попречува работа.  За итни случаи се работи. Поради расправиите,паднаа две колешки во несвест и сме викале брза помош, изјави Насер Џемаили.

Тони Милошевски претседател на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги информираше и за инцидент во Гостивар.

-Вчера во просториите во Гостивар вработен со договор на дело, што не штрајкува ги нападнал колегите што штрајкуваат, фрлил нешто по нив и вербално. Личноста признала во полиција дека е слаб со живците. Така признал.Ние тоа го знаеме. И со странки се конфонтирал и се расправал, и со колегите претходни имал расправи и слично. Ние кај раководотелот потенциравме да се санкционира тој вработен. Сметаме дека ова е притисок врз штрајкувачите, изјави Тони Милошевски.

Штрајкувачите во Тетово денеска добија поддршка и од Марјан Ристески, претседател на Конфедерација на синдикати. Тој најави радикализација на штрајкот.

-Им се прават притисоци дека може да им се скрати од плата 40 отсто, дури се споменуваат и одредени суспензии јас како претседател на конфедерација апелирам да не презема таков чекор, бидејќи доколку, ако преземат таков чекор, сведоци бевте како беше блокирано пола Скопје ќе бидеме принудени после повторно да блокираме уште поголем дел на Скопје. Мора конечно оваа категорија на вработени да го добие заслуженото бидејќи сега сите гледаат дека ако оваа категорија на вработени не работи буквално се блокира цел систем, изјави  Марјан Ристески.

Вработените бараат колективен договор со линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

ФК Тетекс со ново раководство и стручен штаб 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.