• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Времен режим на сообраќај поради поставување асфалт на два влеза во Тетово

05/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од денес започнаа асфалтирање на две делници кои претставуваат влез и излез од Тетово со што ќе финишираат градежните работи за реконструкција на овие две точки кои започнаа во март. Поради ова извршување на градежните работи и асфалтирањето ќе се прави и времен режим на сообраќај. Поставени се сообраќајни знаци дека на деловите од патот се извршуваат градежни работи, а сообраќајот по потреба ќе се регулира и од работниците.

-Асфалтот се поставува на делот од земјоделско училиште до патарината кон Гостивар и приклучокот од обиколницата како и делницата од Универзитет Тетово до клучката за Брвеница. Ќе има времен режим на сообраќај односно кога ќе се поставува асфалт на една лента, на другата коловозна лента ќе може да се одвива сообраќајот со тоа што возилата ќе бидат пропуштани наизменично, изјави изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат).  

Должината на делницата од универзитетот до клучката за Брвеница е околу 1000 метри, просечна ширина на патот е шест метри и 30 сантиметри до осум метри. Вториот дел од земјоделско училиште до наплатна рампа на излезот од Тетово кон Гостивар е 700 метри со 8.5 метри просечна ширина.

Потегот од универзитетот до клучката за Брвеница претставува и дел од регионалната делница Р2233.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

За последните пет дена 16 приведени поради прекршување на полицискиот час

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!