• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Втор протест за поскапувањето на струјата во Тетово

Се бара поевтина струја како и намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто.

14/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со марш од три локации до градскиот плиштад во Тетово неколку илјади граѓани учествуваа во вториот по ред протест во знак на револт поради зголемување на цената на електричната енергија. Според најавите кои се правеа на социјалните мрежи маршот започна во 18:00 часот, од три точки на градот-Монопол, локација на улица Илинденска кружниот тек за Блок 82  како и од Поток.  Потоа сите се движеа кон центарот на градот и се собраа кај кружниот тек кај плоштадот.

Претставници на Организацискиот одбор пред граѓаните ги прочитаа барањата.

-Бараме Регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите, како и да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакнаа претставниците на одборот.

По истакнатите барања групите се разотидоа мирно. Ноќеска две возила на ЕВН беа запалени и изгорени, за што полицијата приведе осомничен К.О (43) од Тетово.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Објектите и дворот на СВР Тетово оспособени за пристап на лицата со хендикеп 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!