• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Втор протест на тетовските пожарникари, бараат општината системски да ги исплаќа додатоците за плата

21/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските пожарникари по втор пат излегоа на протест, а овој пат реагираат и на ставот на општината даден во медиумите дека проблемите се и на државата. Тие посочуваат дека за неисплатените додатоци за плата законски спогодба договориле со општината и оттаму локалната самоуправа е должна да ги исплати, како и да воведе системско решение истите средства и во иднина да се исплаќаат редовно кај пожарникарите.

-Од прошлиот протест на нашите барања од нивна страна е одговорено дека е работа на државата.Тоа не е точно. Овие нашите проблеми се локални. Секоја општина сами си ги решаваат проблемите. До сега сите против пожарни единици кои имаат како нашите барања ги имаат решено, само град Тетово го нема решено. Сите овие законски основ има општината да ги реши. Или не знаат или не сакаат, а можат за кратко време. Ние сме подготвени за соработка, изјави  Сашо Мишевски, претседател на синдикалната подружница во Тетово.

Од петокот кога беше преетходниот протест никој не побарал контакт со синдикалните претставници на пожарникарите.

-Овие неколку дена ни се јавуваат колегите дека имаат одредени закани од одредени надредени личсности во единицата.  Од ова место ги повикуваме да престатнат со притисоците.  Колегите имаат право да се изразат и да ја кажат реалната потреба односно да се спроведувата законите. Ова е во надлежноста на општина Тетово. Ова не е војна немa губитници и победници. Ова е предупредувачки протест и ако треба и пред општината ќе протестетирамо но сакаме мирно решавање на проблемите. Спремни сме на преговори, изјави Горан Ристески, претседател на гранковскиот синдикат.

Тој посочи дека општина Тетово освен што не го почитува општиот и колективен договор за вработени во јавниот сектор од областа на безбедноста во пресметките за плата треба да дополни и додаток за прекувремена работа.

-Нема графа за прекувремена работа. Работа ноќе треба дас е доплати 35% , општина Тетово има предвидено 29 проценти. Исто за работа ноќе и во ден на одмор. Работа во смени наместо 5 имале 4 отсто. Спогодбата исто така не се спроведува. Од 60 илјади денари на основ на тужбеното барање исплатени се 20 илјади денари, по нивно кажување на општината, изјави Горан Ристески.

Општината и пожарникарите во јуни 2019 договорија спогодбено дека ќе им бидат исплатени по 60 илјади денари за додатоците на плата.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Извршено порибување на река Пена со 100 килограми пастрмка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.