На средбите со граѓаните кандидатот за градоначалник на Тетово, Вулнет Мурсели ги истакнува и заложбите за подобрување на состојбите во образованието.
-Ќе се зголеми бројот на градински. Ќе биде интервенција во застарената инфраструктура во секое училиште, според нивните специфични потреби. Еден од главните приоритети во областа на образованието е да создадеме подобри услови за настава и учење. Планираме да инвестираме во инфраструктурата на образованието, да градиме, реновираме и модернизираме, а од друга страна да ја зголеми бебзедноста и да озвоможиме пристап што е можно побликсу до образовните објекти. Посебно внимание ќе се посвети на инклузивното образование, обраложува Вулнет Мурсели.