Последниот митинг во предизборната кампања коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го имаше во Тетово. Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села од Тетово порача дека по 20 години ќе донесат промени и победа за Албанците во Северна Македонија. Рече дека другите политичари веќе не можат да се лажат кога 20 години се работело против животот и против животната средина.
-Ја запаливте трската во Струшкото Езеро, ги исековте дрвјата во Тетовско и Кичевско и други места, а денес да излезете и да кажете дека имате план за животната средина, се работи што не одат заедно. Албанците станаа свесни, станаа на нозе, Тетово се крена на нозе, а ние ќе донесеме промени и победа. Не губете ја вербата во политиката, и ние ја загубивме вербата во лоша, измамничка, манипулативна и уценувачка политика предводена од ДУИ. Ние сме исто така разочарани од нив, но не остануваме дома, излегуваме и се бориме со оваа политика и ги повикуваме и подаваме рака, заедно да се бориме против оваа лоша 20-годишна политика што ни ја уби надежта. Да гласате со чиста совест и така да ги осудите оние што се заштитени од владата и обвинителството за трагедијата што се случи во Тетово каде животот го загубија 14 граѓани, рече Зиадин Села од Тетово.
Африм Гаши, лидерот на Алтернативе изрази уверување дека тетовци имаат волја за промена што ќе се случи со кандидатот за градоначалник Вулнет Мурсели.
-Оваа кампања има две фази, прва фаза собирање на гласови, втора фаза, броење на гласови. Вечерва завршува една голема работа на собирање на гласови, во изминативе 20 дена ги посетивме сите општини до дека стигнавме овде, ги промовиравме што е можно најдобрите кандидати, избравме најдобри програми, понудивме најдобри кандидати за советници, понудивме решение на проблеми кои ДУИ ги остави, нерешени овие 20 години, зборувавме со секој граѓанин, истакна Африм Гаши.
Вулнет Мурсели, кандидат за градоначалник на Тетово рече дека за овие три недели посетил многу места и видел разочарани луѓе од лошто менаџирање на градот и затоа смета дека сега веќе тетовци заслужуваат најдобро.
-Слушнавме многу идеи, многу проблеми, не можеме да дозволиме Тетово и понатаму да се уништува, нема да и дозволиме на Теута Арифи ни на никој друг да го уништи Тетoво, ова е наш град, ќе работиме најдобро и ќе ја вратиме гордоста. Ние ја имаме најдобрата екипа, ние ја имаме поддршката од сите што му мислат добро на Тетово, со нас се сите што не сакаат лаги, далавери, со ароганција и ајдуклак. Ние ќе победиме зошто ние имаме решенија на проблемите. Ви ветувам една работа, кога ќе го освоиме Тетово ќе победиме во цела Македонија, им дошол крајот и тие тоа го знаат, Тетово има волја за чиста победа, истакна Вулнет Мурсели.
На митингот се обрати носителот на листа со кандидати за советници за Општина Тетово, Музафер Етеми, кандидати за градоначалници од други општини и функционери од двете партии.
ас