• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Вулнет Мурсели: Планираме изградба на четири катни паркинзи-ќе има резервирани и бесплатни паркинзи само за лица со посебни потреби

Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Вулнет Мурсели вечерва одржа митизи во населбите Цетинска и Гам Гам во Тетово

07/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Вулнет Мурсели вечерва одржа митизи во населбите Цетинска и Гам Гам во Тетово. Во своето обраќање се Вулнет Мурсели се осврна на потребата како иден градоначалник да работи повеќе кога во прашање се паркинг местата.

 -Сообраќајот во Тетово ќе се одвива поинаку доколку се зголемат капацитетите за паркирање. Лошо е што досега ниту еден градоначалник не презел иницијатива за да го спаси градот од урбаниот хаос. Планираме изградба на четири катни паркинзи- на влезот во градот кај Веро, кај судот односно просторот на ДТВ Партизан, во близина на комплекс Базар и до стариот градски стадион, потенцираше Мурсели.

Тој истакна дека ќе се обезбеди бесплатен паркинг за лицата со посебно потреби.

-На секој постоечки и нов паркинг, насекаде во Тетово ќе создадеме резервирани и бесплатни паркинзи само за лица со посебни потреби. На секој паркинг во болницата, пред поштата, пред општината, пред стариот комплекс, пред новиот комплекс, кај инвалидскиот пензиски центар, кај центарот за вработување, кај центар за социјална работа , и пред сите јавни институции, ќе создадеме специјални места за паркирање кои ќе бидат бесплатни за овој скапоцен дел од нашиот град, рече Мурсели.

Кандидатот за градоначалник Мурсели вели дека се разгледува можноста и за редизајн на градкиот плоштад со цел да се изгради подземен паркинг.

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Билал Касами на средба со здружението на пензионери: Обврска ни е да се грижиме за пензионерите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!