• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Глутница бездомни кучиња нападнале неколкумина тетовци вчера околу музичкото училиште

08/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на Тетово деновиве со страв поминуваат низ градските улици поради секојдневните напади од бездомни кучиња. За изминатите 24 часа во СВР Тетово се пријавени три случаи, а во Центарот за јавно здравје дури седум.

Мештаните кои живеат во близина на музичкото училиште алармираат дека на таа улица-„Иво Лола Рибар“ неделава глутница кучиња секојдневно напаѓа пешаци.

-Постојано деновиве слушаме панични повици за помош на луѓе кои се нападнати.  Ги забележавме и глутницата од неколку кучиња, велат вработените во еден од фризерски салон кај училиштето.

Во СВР Тетово вчера 26 и 48 годишник ги пријавиле нападите на  оваа улица.  Пријавени се и  напади од бездомни кучиња и на улицата „Браќа Миладинови“.

Градоначалникот Биљал Касами најави дека во текот на 2022 година во рамки на Полошки плански регион на програма која ќе нуди регионално третирање на проблемот со бездомни кучиња.  

Центарот за јавно здравје-епидемиолошка служба во текот на 2021 година бележи 65  напади од бездомни кучиња.

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Општина Тетово објави листа со 812 договори на дело склучени од поранешното раководство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.