• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

СВР Тeтово : Годинава 24 отсто повеќе откриени кривични дела поврзани со дрога

14/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово годинава бележи повеќе откриени кривични дела од областа на недозволена трговија со наркотични дроги ако се споредуваат шестте месеци во 2020 и 2021.  За половина година пронајдени и одземени се различни видови наркотични средства, најмногу марихуана и кокаин, но и екстази, хероин и друго.

-Во првите шест месеци од оваа година Секторот за внатрешни работи Тетово евидентира вкупно 55 кривични дела од кои 27 во Тетовско, а другите во Гостиварско, од областа на недозволена трговија со наркотични дроги или 13 повеќе во споредба со истиот период лани, кои целосно се расчистени и заокружени  со 50 кривични пријави против 72 сторители. Откривачката функција во овој период е зголемена за 24 проценти. Најголемиот број од кривичните дела (50) биле „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а 5 „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, изјави денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во изминатите шест месеци од годинава биле изготвени и 30 барања за поведување на прекршочна постапка од кои 27 во Тетовско, против 39 сторители (34 во тетовско) за сторени исто толку прекршоци, пред се поврзани со уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.               

     

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Приведен 56 годишник пријавен за обид за обљуба на 30 годишна сосетка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.