• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Годинешното издание на „Титов врв скајрејс“ со измената патека поради временските прилики

13/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Екстремната трка во планинско трчање „Титов врв скајрејс“ годинава поради неповолните временски услови немаше можност да се трча до највисокиот врв на Шар Планина.

Организаторот на настанот, планинарскиот клуб „Македон“ понуди изменета и скратена рута во должина од околу 11 километри и 850 висински метри со највисока точка до крајната станица на жичарата Церипашина на околу 2400 метри надморска височина.

-Вчера и покрај лошото време на стартот се појавија 51 натпреварувач, а трета година во низа најбрзи беа Дејан Ангелоски (1 час 03 минути) од Охрид и Елена Ртоска (1 час 19 минути) од Прилеп, со што се закитија со титулата државни шампиони во скајранинг. На второто место се пласираа Вера Урдаревска и Никола Илиевски, додека третопласирани беа Сања Најдовски и Сашо Богојевски, информира Александар Кирковски од ПК „Македон“.

 

фотографии на Антонио Каранфилоски и Кристијан Арсовски.
Фотографии на Антонио Каранфилоски и Кристијан Арсовски.

 

Минатата година за два часа и 19 минути Дејан Ангелоски од Охрид истрча од Попова Шапка до Титов врв и назад.

Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје и Федерацијата на планинарски спортови беа организатори на оваа четврта по ред трка за скајранинг – екстремна форма на планинско трчање.   Учесниците на ваква трка треба да имаат големо планинарско искуство, специјална опрема со себе како што е јакна против ветер, фолија за заштита од студ, соодветна количина на течности, храна и друго.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава
МВР

Во едно БМВ превезувале 10 мигранти од Сирија, приведени двајца тетовчани

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.