Во просториите на управната зграда на Музеј на тетовски крај (поранешен Дом АРМ) преку ликовна изложба претставени се делата создадени на ликовната работилница на уметникот Славчо Максимовски заедно со 30-тина деца ученици кои се насликани во текот на учебната година. Изложени се околу 60-тина дела од учесниците.
-Изработките се на деца од основни и средни училишта, од девет години па се до 17 години. Применети се различни сликарски техники, како и секоја година што претставуваме. Ние се потрудивме овие месеци да направиме нешто добро. За мене и за децата претставува величествен ден. Има цртежи акрил на платно, акварели, молив, најразлични техники, со цел да ги изучат учениците сите техники, изјави м-р Славчо Максимовски.
Ова е седма година по ред како се организираат работилниците на Славчо Максимовски, со цел ученици да стекнат основи на ликовното сликање, креативноста, учење различни техники за цртање и сликање и слично.
ас