Многумина жители на Тетовско денес ја искористија можноста да набават повеќе дела и книги кои издадени од издавачката куќа „Антолог“ од подвижната книжарница која беше поставена во централното градско подрачје. Овој нов концепт на продажба на книги како во другите градови за прв пат е присутен денес и во Тетово.
На овој начин книгите се поблиску до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што за жал бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво, потенцираат од издавачката куќа.
-Книжарницата на тркала е еден нов концепт на Антолог, тоа е нешто најново што не е го нема нашиот пазар. Идејата произлезе од уште пред извесно време кога почна пандемијата со ковид-19 поради периодот на изолација што се уште е за жал. На овој начин гледаме да ги направиме нашите дела и книги да бидат достапни за сите, за пошироката читателска публика. Многу ми е мило што уште нап почетокот наидовме на многу голем интерес, секаде во сите градови се бара книга повеќе, прашуваат кога ќе одиме во следниот град, изјави Елена Јошевска од „Антолог“.
Атрактивната книжарница која патува низ целата земја за да биде што поблиску до читателите им понуди богат асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти.
-Барани се сите жанрови, секако најбарани се крими романи, мистерии, трилерите веднаш по нив одат драмите, историските книги, романските, љубовните книги, меѓутоа имаме и доста голем избор на книги за деца и книги кои се дел од популарната психологија, мотивациски книги, истакна Елена Јошевска.
Подвижната книжарница е во Тетово од 10 до 19 часот.
А.С