• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Горан Чавдаровски реизбран за претседател на тетовската општинска организација на НСДП

На изборната седница присуствуваше и партискиот лидер Тито Петковски.

12/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На изборна седница Горан Чавдаровски повторно е избран за претседател на тетовската општинска организација на Нова социјадемократска партија (НСДП). Тој доби 4 годишен мандат. На седницата беа избрани 9 члена на извршниот одбор како и 3 члена на надзорниот одбор на општинската организација на НСДП Тетово.  Горан Чавдаровски е професор по физичка култура.

Во интервју за Тетово инфо претседателот на Нова социјадемократска партија (НСДП), Тито Петковски изјави дека моделот за една изборна единица нема да се донесе поради опструкции на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.  Без разлика на моделот, НСДП ќе оди самостојно на избори, порача Петковски вечерва од Тетово

-НСДП е потписник на предлог законот за измени и дополнување на изборното законодавство во насока на една изборна единица и тој предлог закон е даден во собрание. Неверојано мали се изгледите тоа да прифати. Двете партии во собранието ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не го прифаќаат тој модел и поднесоа илјадници амандмани и тоа значи дека се прави опструкција во собранието да не се донесе законот. Тоа треба да ги привршиме до крајот а годината бидејќи од трети јануари познато е дека стапува на сцена техничката Влада, рече Петковски.

Според партискиот лидер со ова  политиката во Македонија покажува неодговрно однесување и враќање на стари теми.

– Иманентно е Македонија да биде една изборна единица. Тоа е објективно и најреално ја покажува политичката поддршка која граѓаните ја даваат. Граѓаните имаа желба повеќе партии да се борат, но со ова се покажува дека надвладува партискиот наместо граѓанскиот интерес. Со ова уште е се враќаме на стари теми, Македонците да се делат по идеолошка основа, да има етничка поделеност, сите тераат постапки политички профатабилни, изјави Петковски.

Тој посочи дека имаат богато 14 годишно искуство како партија за конкурентна програма и веќе се подготвуваат за самостоен настап без разлика на моделот. НСДП во Тетово бираше ново раководство на огранокот.

А.С

Тагови: горан чавдаровскиизборна седницансдптито петковски

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Изградени се 70 проценти од магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.