Тетовската територијална противпожарна единица околу 16 часот гаснеше пожар што се појави на влезот кај православните гробишта од кај камбанаријата.
Огнот опфатил купишта смет кои на ова место се редовно се фрлаат од несовесни граѓани надвор од контејнерите, но и бандера и кабли за електрична енергија.
-Интервениравме пет пожарникари со два возила околу 40 минути. Чекавме околу 20 минути екипите на електродиструбитивната компанија да ја исклучат струјата за да може да го изгасиме огнот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово.
За време на пожарот жителите на Тетово сведочеа на голем чад, како и чести случаи на ткн. „краток спој“ на каблите.
ас